(ВИДЕО) Јовановски: Кандидатите за градоначалници од СДСМ говорат за гасификација во која граѓаните ќе плаќаат тројно поскап енергенс

Од:

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека во предизборната кампања во 2016. година, Заев лажел за зголемување на животниот стандард, правда за сите и расчистување со криминалот.

– Од животот и зголемениот стандард, граѓаните видоа само криминално богатење од страна на СДС. Наместо повисоки плати, тие се намалуваат, а наместо повисоки пензии се укина и планираното покачување. Од ветената правда за сите, граѓаните добија селективно судство и партиски прогон. Од расчистувањето со криминалот, јавноста гледа како се ослободуваат тешки криминалци, а убијци се фотографираат со функционерите на СДС. Секојдневно се палат возила и се рекетираат бизнисмени, државата станува арена во која царува подземјето. Додека Заев ги манипулира, понижува и навредува граѓаните, неговиот клан енормно се богати. За кого дојде животот?, праша Јовановски.

Тој рече дека преку неговиот пријател Митко Андреевски, Заев испумпувал милиони евра од џебовите на граѓаните.

– Фирма без имот, регистрирана во куќа во Драчево, со само еден вработен, е главен дистрибутер на гас во Струмица. Преку оваа фирма Заев на струмичани им продаваше гас три пати повисок од пазарната цена. Денеска кога кандидатите за градоначалници од СДС говорат за гасификација на општините, тие говорат за гасификација која ќе функционира по системот на Струмица. Граѓаните да плаќаат тројно поскап енергенс, а кланот Заеви да се богати на нивен грб, рече Јовановски.

Тој додаде дека СДСМ ги лаже граѓаните дека ќе им се зголемува животниот стандард, додека раководството на партијата инкасира милиони евра.

– Додека животот пристигна за бизнисите на Заев и неговите соработници, за граѓаните пристигна помрачување. Македонија влегува во рецесија, се намалуваат плати, расте сиромаштијата, расте невработеноста, се замрзна покачувањето на пензиите, целата држава започна да тоне за само 5 месеци владеење на оваа влада, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Раководството на сметководственото биро Левица во џеб ставило над два милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се стави крај на судството кое функционира во полза на дружината предводена од Филипче

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

(ВИДЕО) Мицкоски: Јасно е кој ќе победи на изборите, ние веќе правиме план за денот потоа

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ додека глумат револуционери ја користат партијата за лично богатење

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ