Сириската армија, потпомогната од сојузничките сили, ја заврши воената операција против групата Исламска држава (ИД) во источниот дел на провницијата Хомс, целосно потиснувајќи ги џихадистите од тој дел на земјата, соопшти претставник на Вооружените сили на Сирија.
– Во операцијата на сириската армија на истокот на провницијата Хомс се уништени и последните упоришта на ИД. Под наша контола сега се десетина населени места, додаде воениот претставник..
Според него, сириските владни сили во оваа операција ослободиле територија од околу 1.800 километри квадратни.
Во средата, пак ирачката армија презеде контола над градот Хавиџа, кој беше последното поголемо урбано упоришта на ИД во Ирак.
– Ослободувањето на Хавиџа е победа за целиот свет. Ни преостанува само уште една област на границата со Сирија која треба да ја вратиме под наша контрола од ИД, изјави во четвртокот ирачкиот премиер Хајдер Ал Абади.
Хавиџа, град од 70.000 жители западно од Киркук, преставуваше закана за ирачките нафтени полиња. ИД го освои градот во 2014 година, за време на својата обемна офанзива во рамките на која ги зазема и Мосул, Тикрит, Фалуџа и делови од Багдад, односно најголемиот дел од Ирак што е населен со сунитски Арапи.