Евролига го одби предлогот за календарот, ФИБА разочарана

Од:

На денешниот состанок одржан во Барселона, Евролигата го одбила предлогот за промена на натпреварувачкиот календар изнесен од ФИБА.

Светската кошаркарска федерација претходно одлучи да ги помести термините за натпреварите во квалификациите за Светското првенство во ноември и февруари од четврток во петок (24 ноември и 23 февруари) барајќи истовремено од Евролигата компромис и поместување на нејзините натпревари.

Овој предлог ФИБА го даде со цел репрезентативците кои настапуваат во Евролигата да можат да се стават на располагање на своите национални тимови.

Во ФИБА се разочарани од негативниот одговор и ја обвинија Евролигата дека ги штити интересите само на поедини клубови, а не на целото кошаркарско семејство.

– Квалификациите за Мундијалот 2019 ќе почнат во ноември ширум целиот свет, одлучни се од ФИБА.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска