23 работници затруени во Штип, ДСЗИ ја затвори мензата на фабриката

Од:

23 работници од фабрика во Штип попладнево биле пренесени во болницата во градот откако кај нив се појавиле тегоби по ручекот во фабриката и знаци на труење. Сите по укажаната помош биле испратени на домашно лекување, додека еден работник бил задржан за понатамошна опсервација. Веднаш по труењето на терен излегле инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Затворивме две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната која се носела во канистри. Државниот санитарен и здравствен инспекторат зеде брисеви и мустри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата, изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова за А1он.

Од ДСЗИ велат дека нема да коментираат која е причината за труењето се додека не се завршат сите испитувања.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски