(ВИДЕО) Наумоски: Вложуваме во културата, вложуваме во нашите деца

Од:

„Нашата општина нема да биде целосна доколку не вложуваме во културата.

Домот на културата во следните четири години ќе биде дом на сите заинтересирани тетарски групи, алтернативни бендови и музички групи и без надомест ќе се отстапува за концерти и претстави.

Без надомест ќе се издава за други културни манифестации како изложби на слики, ракотворби, концерти на аматерски играорни друштва и слично

Секоја година планираме да организираме културното лето во Ѓорче Петров, рап и хип хоп фестивал, алтернативни поп-рок бендови во паркот, настап на колаж од народни песни и изведувачи на народната музика во паркот.

Реконструкција на старото училиште во с.Кучково и адаптирање во културно-едукативен центар за летна настава по природа на учениците од општината и од Град Скопје, паралелно со развој на селски туризам во с.Кучково.

Организирање на креативни работилници за изработка творби, организирање на забави со Златно славејче, Поточиња, Супер ѕвезда и други детски фестивали.

Натпревар за изработка на макети и други дисциплини од областа на техника и сообракај, организирање на ликовни изложби, како дел од културно лето.

Организирање на хуманитарни акции за деца со здравствени, финанскиски и други проблеми под мото ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА.

Затоа на 15 Октомври гласајте за живот за сите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца“, изјави Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ