Инвестирањето во патна инфаструктура значи инвестирање во безбедноста, времето, достапноста и економскиот развој на општината. Непречено комуницирање и пренос на стока само со добра и солидна инфрастуктура, истакна денеска Митко Тилевски, кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид.
Тој во изјавата за медиумите најави повеќе инфстраструктурни проекти доколку ја добие довербата на граѓаните.
Меѓудругото најави комплетна реконструкција на Булеварот „Туристичка“ со обнова на коловозот, атмосферска канализација, водоводна мрежа по потреба, изградба на пешачка и велосипедска патека, хортикултурно уредување, потоа изградба на улиците „Абас Емин“, „Јордан Мијалков“, „7 Ноември“, „Јане Сандански“, „Прва македонска ударна бригада“, како и реконструкција на улиците „АСНОМ“ и „Егејска“, „Св. Кирил и Методиј“, „Партизанска“, како и повеќе локални патишта кон приградските населби.