Истражување: До 2070 година муслиманите ќе бидат побројни од христијаните

Од:

Исламот официјално е најпризната религија во светот, бидејќи христијанските нации неофицијално ја поддржуваат верата, се наведува во студијата на Истражувачкиот центар „Пју“ (PEW) од Вашингтон.

Во светот, 27 влади официјално го признале исламот, додека 13 го признале христијанството. Околу 40 влади признале некоја религија како државна, а 28 финансиски го поддржуваат христијанството.

Со анализа на 199 држави, утврдено е дека 43 имаат официјална религија, 40 имаат религија која ја преферираат, 106 земји немаат религија која поддржуваат, додека 10 се непријателски расположени кон религиските институции. Во овие 10 се Кина, Куба, Северна Кореја, Виетнам и некои поранешни советски републики.

– Во некои случаи, државните религии имаат улога од церемонијална природа, но разликата е видлива кога станува збор за права и даночниот систем, сопственост над недвижности и друг имот, како и пристап кон финансиска поддршка од државата. Владите кои воспоставиле една религија како главна ја регулираат верската пракса и ги ограничуваат или забрануваат малцинските верски групи. Повеќето земји во светот се наутрални кога станува збор за религијата“ се наведува во истражувањето.

Истражувачкиот центар од Вашингтон ги претстави и податоците, според кои се предвидува дека муслиманите ќе бидат побројни од христијаните до 2070 година, бидејќи исламот е најбрзо растечка религија во светот. Во 2010 година 1,6 милијарда луѓе се изјасниле како муслимани, што претставува 23 отсто од светската популација. Во 2017 година имало 2,2 милијарди христијани, што претставува 31 процент од популацијата, но во истражувањето се наведува дека со оглед на тоа дека муслиманите имаат повеќе деца, до 2070. Исламот ќе биде мнозинска религија.

Близу 62 отсто муслимани живеат во Индонезија, Индија, Пакистан, Бангладеш, Иран и Турција. се предвидува до 2050 година Индија да има поголем број муслимани од Индонезија, која сега се смета за најголема муслиманска земја.

Би можело да ве интересира

Авганистанскиот врховен лидер нареди целосно спроведување на исламскиот закон

А1он

ВИДЕО: Започна чествувањето на Рамазан во Мека, во затворен простор се примаат само вакцинираните и имуните верници

Жарко Настоски

Муслиманите и Евреите загрижени поради свинскиот желатин во вакцините против Ковид-19

Жарко Настоски

Макрон им даде ултиматум на француските муслимански лидери да прифатат дека Исламот не e политичко движење

Жарко Настоски

Претседателот на Францускиот совет на муслиманската вера „не сака“ карикатурите на Мохамед да се прикажуваат во училиштата

Ана Ололовска

Чеченските муслимани го прогласија Стејт департментот за терористичка организација

Жарко Настоски