(ВИДЕО) Шекеринска: Нема веќе инпровизации додека Македонија мака мачи со каналзиација и основна инфраструктура

Од:

Не може да се гради луксуз ако не се решени основните прашања, како што се водата и воздухот, ако нема минимум цивилизациски услови како канализација и детски градинки, порача вчера заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во своето обраќање на митингот на СДСМ и коалицијата во Теарце.

-Не смееме веќе да си дозволиме импровизација што значеше дека Македонија потроши стотици милиони евра за споменици што се распаѓаат додека мака мачи со канализација и основна инфраструктура, рече Шекеринска.

Таа ги увери жителите на Теарце дека заврши времето кога некој министер во три часот наутро можеше да се јавува по телефон и да кажува свои идеи што да биде приоритет во Теарце или на било кое место.

Шекеринска порача дека на 15 октомври граѓаните преку поддршка за кандидатите на СДСМ и коалицијата имаат можност со глас и пенкало да покажат дека се посилни од сите оние кои сакаат да ги вратат назад и ќе покажат дека животот се враќа и во Теарце.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори