Поенти од митинзи: Заев за мултиетничност, Груевски за нова визија по изборите

Од:

Партиските лидери на единаесеттиот ден од кампањата за локалните избори вчера излегоа со различни пораки до граѓаните, со цел да ја добијат нивната доверба на 15 октомври.

Лидерот на владејачката партија Зоран Заев вчера испрати пораки за мултетничност и соживот.

– Само заедничка Македонија има иднина. Европа своите темели ги полага врз различностите, тоа е нашето богатство, ветер во грб, нашата предност, а не наша слабост. Мултиетничко Тетово ќе продолжи да ја испраќа пораката за мултиетничка Македонија, да ги дозаокружиме промените во Македонија, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на митингот во Тетово.

– Во мултиетничко Тетово Македонија е во мало и заедно сме примерот што ќе блеска во Македонија. Никој не губи ништо, ако некој друг добие некое право. Ќе дојде време кога сите ќе се гордееме со нашата единствена Република Македонија, истакна Заев во Тетово.

Лидерот на најголемата опозициска партија Никола Груевски најави нова визија за земјата по локалните избори.

– Новата ера почнува. Нова ера, ново утро, нова визија за Македонија. Нова визија и нова стратегија со која во наредната декада ќе бидат отворени 150 илјади нови работни места, невработеноста ќе се сведе под десет проценти. Тоа го ветува ВМРО-ДПМНЕ, партија и Коалиција која покажа дека знае да отвори не 150, туку 173 илјади нови работни места и знае да ја намали невработеноста од речиси 40 на 22,5 проценти, рече Груевски.

Груевски смета дека животот на граѓаните може да го променат крупни економски придвижувања, многу реформи, многу инвестии и работни места.

– На 15 октомври моќта е во рацете на народот со пенкалото во рака. Демократијата им дава шанса на 15 октомври, потоа и на 29 доколку некаде има втор круг да излезат и да одговорат за целото ова помрачување, оцени Груевски.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак на митинзите со граѓаните, говорејќи за понудата на ДУИ за локалните избори на 15-ти октомври, истакна дека тоа не е само кампања, туку обврска и посветеност да се создаде подобра и побезбедна иднина.

Во врска со дебатата околу Нацрт-законот за употреба на јазиците, лидерот на ДУИ објасни дека е расправата е прекината во Собранието на РМ. – Ние не сакавме да биде политизиран за време на кампањата, но нема отстапување од гласањето на албанскиот јазик, како официјален јазик во целосна употреба, на сите нивоа, рече тој.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ