Продолжува изборната кампања за локалните избори

Од:

Партиите, коалициите и независните кандидати и денеска на митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места, ги претставуваат изборните програми за локалните избори закажани за 15 октомври годинава.

Изборниот карван на коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Пласница и митинзи во Македонски Брод и Кичево.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Долнени и Кривограштани и митинзи во Крушево и во Прилеп.

Демократската унија за интеграција ќе одржи митинг во Сарај, а движењето „БЕСА“ ќе има средба со граѓани во Студеничани.

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот, а почна на 25 септември.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје