Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека левицата го обвинила за сешто, освен дека е геј.
– Левицата ме обвини за сешто, освен дека сум геј и дека сум ги украл парите на Италијанците, изјави Берлускони во интервју за италијанското радио Капитал.
На прашањето дали ако го наречат геј е навреда, Берлускони изјави „Во мојот случај, Да“.
Во минатото Берлускони на неколку пати беше обвинет за хемофобија, особено откако изјави дека е подобро да му се допаѓаат убави жени, отколку да биде геј.
Откако најави дека планира да се врати во политиката, Берлускони повторно е во центарот на медиумската сцена во Италија.