(ВИДЕО) Спасовски: Нема никакви најави дека ќе се зголеми бројот на мигранти

Од:

Нема никакви најави дека ќе се зголеми бројот на мигранти или дека ќе проработи Западнобалканската рута, рече министерот Оливер Спасовски во изјавата за медиумите по завршувањето на Втората министерска средба на министрите за внатрешни работи и министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија што се одржува во Солун, Република Грција.

– На средбата дискутиравме за важни теми, за безбедноста за глобалните предизвици кои се однесуваат на безбедноста на нашите држави и на регионот. Пред се организираниот криминал, трговијата со луѓе, со дрога и бегалската криза. Од исклучителна важност за нас е да имаме размена на информации, да имаме соработка и на полето на борбата против тероризмот и насилниот екстремизам , бидејќи тоа е глобален предизвик пред сите нас кој бара ваземно вклучување и решенија кои се однесуваат и во делот на превенцијата, но и во делот на репресијата, рече министерот Спасовски.

На средбата било договорено да има шестмесечни средби на кои ќе се дискутираат овие теми и да се воспостави контакт на ниво на директори на полиции и на пониските структури во полициите.

– Договоривме и да ја зголемиме соработката во делот на цивилната заштита. Целиот регион годинава беше зафатен со пожари и секогаш се потребни повеќе капацитети за да се справиме со овие состојби, рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи

Вооружените напади предизвикаа масовен штрајк во Грција

Горан Наумовски

Грција ќе забрани анонимност на социјалните мрежи

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Македонската туристичката комора бара од Атина одложување на примената на ЕЕС-системот за Македонците во летната сезона