Во Велес доделено признанието „Просветен работник на годината“

Од:

По повод Светскиот ден на учителот – 5 Октомври, Сојузот на просветни работници на Македонија денеска на свечена академија во Велес додели признание „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/2017 година, на четири просветни работници од училиштата во државава.

Во категоријата одделенска настава признание доби Лила Арсова од ООУ „Васил Главинов“ од Велес, а во категоријата предметна настава м-р Матилда Бајкова од ООУ „Вера Циривири-Трена“ од Скопје. Признание добија и професорката по англиски јазик Гордијана Ѓоргова во категоријата средно образование, а во категоријата од заедниците професорот по физика и математика Муамер Доко од ООУ „Братство и единство“ од Охрид.

Таа во своето обраќање до присутните потсети дека 5 октомври за Светски ден на учителите е прогласен од УНЕСКО во 1993 година,а во Р.Македонија се одбележува од 1994 година.

Во фокусот на годишеното одбележување на Светскиот ден на учителот е темата „Учење во слобода, зајакнување на наставниците“ со посебен акцент на знаењата, вештините и надлежностите на наставниот кадар во високо образовните институции.

Заменик-претседателката на Сојузот на просветни работници Лидија Николовска Георгиевска истакна дека Светскиот ден на учителот има цел да се мобилизира поддршка за учителите и да се осигура дека потребите на идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани од страна на учителите.

– За жал, учителите денес се уште не ја обезбедија вистинската почит и силното вреднување на оваа професија. Денес учителите се исправени пред низа предизвици и поминуваат низа турбуленции. Виталноста, вербата и достоинството на учителите, постојано треба да се развива затоа што тие се заслужни за училишната клима, култура и етика и иднината на земјата во голема мера е во рацете на просветните работници, нагласи Николовска Георгиевска.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ