Средба на Шекеринска со бригадниот генерал во НАТО Маријан Јелениевски

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со воена делегација од НАТО предводена од бригадниот генерал Маријан Јелениевски, заменик директор на секторот за безбедносна соработка на НАТО.

Како што информираат од Министерството за одбрана целта на посетата на воената делегација е да се иницира продлабочена соработка меѓу НАТО и Армијата на Република Македонија.

Според Генералот Јелениевски засилената политичка активност на Република Македонија кон НАТО треба да се поддржи со поблиска воена соработка, и понудил три предлози за зголемување на воената соработка помеѓу воената структура на НАТО и Армијата на Република Македонија.

– Штабни разговори на експертско ниво еднаш годишно. Експерти од НАТО и АРМ да разговараат за прашања од заеднички интерес. Редовен годишен состанок на Воениот комитет на НАТО со АРМ. Подобра репрезентација на АРМ во НАТО структурите преку упатување на национален воен претставник на Република Македонија во Сојузната команда на НАТО (SHAPE) и пополнување на позиции за партнерски штабни офицери во воените команди на НАТО, се предлозите на Јелениевски.

Министерката Шекеринска истакнала дека Министерството за одбрана и Владата даваат не само поддршка, туку и силен поттик на предлозите за подобра воена соработка. Изразила јасна поддршка за директна комуникација меѓу АРМ и воениот сегмент на НАТО, како и за идејата за одржување на годишни состаноци меѓу Воениот комитет на НАТО и АРМ.

-Верувам дека без соработка на МО и АРМ нема да има прогрес, а поблиската соработка на НАТО и АРМ може да биде само од корист и за членството на Македонија во НАТО и за подобрување на статусот на Армијата, порачала Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рубио: Сите членки на НАТО ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана

Катерина Ѓуровски

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Трамп повторно им се закани на членките на НАТО

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

А1он

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“