(ВИДЕО) Јаневски: Нови содржини во градскиот парк во Струмица

Од:

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски, ветува изградба на функционална целина зад стариот објект на АТШ Берово, која ќе биде покриена со ридест зелен појас и ќе има со пешачки, велосипедски и скејт патеки и паркинг за посетителите на градскиот парк.

– Останатиот простор ќе биде хортикултурно уреден каде што е предвидено да бидат поставени клупи и куќарки како видиковец, патеки за трчање и дел за пикник, со посебна локација за парк за миленици, простор за картинг и многу други содржини кои дополнително ќе го разубават и ќе му дадат живост на „срцето на Струмица“, рече Јаневски.

Тој најави дека целиот простор ќе се преуреди со парковско зеленило и дополнителна урбана опрема, каде, како што вели, граѓаните ќе имаат можност да одмараат и рекреираат во слободното време.

Во градскиот парк ќе биде имплементиран систем за паметно осветлување преку посебни единици кои ќе бидат интегрирани во постоечкиот систем, а ќе овозможуваат заштита на животната средина и заштеда на енергија, ветува Јаневски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори