Ѓорѓиевски: Нови градинки и игралишта во Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник за Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, ветува изградба на градинки и детски игралишта.

Со програмата на Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави Ѓорѓиевски, е предвидено да се градат градинки кај училиштето „Толи Зордумис“ со капацитет од 150 до 200 деца, како и во населбите „Карпош“ и „Перо Чичо“. Се планира да се прошират и капацитетите на постоечката градинка во населбата „Гоце Делчев“.

На слободниот простор во училишниот двор на „Толи Зордумис“ е предвидена зградба на мини детско игралиште, едно од предвидените 50 на подрачјето на целата општина.

– За нашите најмлади сограѓани ќе има простор за исполнување на слободното време и ќе им овозможиме здраво детство, изјави Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори