(ВИДЕО) Богоев: Здравствена патрола – бесплатни лекарски прегледи за највозрасните карпошани

Од:

„Денес, јас и мојот тим, од овде, од Карпош 2 најавувавме нов проект со цел грижа за највозрасните карпошани – за пензионерите од општина Карпош.

Проектот маалска Здравствена патрола предвидува бесплатни здравствени прегледи за сите пензионери на територија на општина Карпош, со цел пензионерите и најзвозрасните граѓани на општината да ги одржуваме здрави и во добар здрав дух.

Дополнително, најавуваме и отворање на бесплатна телефонска линија “Пријави проблем” преку која повозрасните лица, пензионерите но и оние лица со хендикеп ќе можат да пријават проблем, а и опшштината преку нејзина служба да им заврши некоја административна работа или да ги пренесе и транспортира до одредена дестинација.

На овој начин, се обврзуваме и јас и мојот тим дека целосно и редовно ќе се грижиме за здравјето на сите наши сограѓани, особено за здравјето на нашите највозрасни сограѓани, оние кои нас не израснаа и исчуваа“, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори