Француското здружение на дијабетичари и нутриционисти – АФДН (Association francaise des dieteticiens et nutritionnistes) препорача граѓаните за време на празниците да се определат за помалку масни намирници, како и да го слушаат својот организам за да не го оптоварат премногу желудникот.
Празничните оброци, како што истакнуваат експертите, обично се служат подоцна, така што некои веднаш се „фрлаат“ на предјадењето, за што треба да се води сметка, бидејќи пред се треба да се управува со апетитот и да се урамнотежи исхраната во текот на целата вечер.
АФДН, меѓу останатото, препорачува дека оние кои подготвуваат гозба тоа да го прават со намирници со што е можно помалку калории, а оние кои одат на гозба да изедат некое овошје или некој млечен производ пред поаѓање, за да избегнат веднаш да „се фрлат“ на предјадење.
За време на оброкот се препорачува јадењето да не се дотура, заради добро урамнотежување на оброкот, да се слуша организмот и да се запре со конзумирање храна штом ќе се почувствува дека желудникот е полн.
Треба да се води сметка оти тука е и десертот, ако се се јадело умерено, не треба да се заобиколи, бидејќи за тоа нема причина, но секако пожелно е доколку постои можност да се одбере некој полесен.
Се препорачува и умереност во конзумирањето на алкохолот кој не треба да се меша.