(ВИДЕО) Јанчева: Кале стана запуштено место поради негрижата на Трајановски и Груевски

Од:

„Кале повеќе не е симбол што го краси Скопје.

Никола Груевски и неговата продолжена рака Коце Трајановски, го претворија Скопското Кале во место на запуштеност и на забранет пристап.

На градоначалникот во заминување воопшто не му е грижа што Скопското Кале е обраснато во густа трева. Не го загрижува тоа што има само еден пристап до Скопското Кале и што туристите не можат да стигнат ниту до набљудувачниците, ниту до кулите.

Како што гледате, главниот влез е блокиран со огромни камења, а на главната патека има израснато дрво.

Ваквата негрижа и пред граѓаните и пред туристите остава впечаток на тотална запуштеност, негрижа за малкуте површини кои треба да бидат зелени, негрижа за безбедноста на посетителите, и негрижа за културното наследство врз кое Груевски и Трајановски се обидоа да подигнат дивоградба.

Жолтите ленти за забранет пристап им сигнализираат на туристите дека се наоѓаат во Општина Тетово, а не во Скопје.

Никола Груевски и Коце Трајановски се најодговорни за запуштеноста на Скопското Кале кое го искористија и за предизвикување на конфликт тогаш кога им беше потребно.

По 15ти октомври, новата градска власт ќе го врати животот на Скопското Кале не само за сите граѓани на Скопје, туку и за туристите. Ќе изградиме пристапни патеки од неколку страни, ќе ги уредиме зелените површини на Калето и ќе ја збогатиме туристичката понуда со многу нови содржини. Животот на Скопското Кале ќе го збогати животот во Скопската Чаршија и во Скопје како град на сите!“, изјави Љубица Јанчева, кандидатка за член на Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори