Тренов: СДСМ не ги исполни ветувањата кон земјоделците

Од:

„СДС и Зоран Заев се што ветија излажаа. Ниту едно ветување кон земјоделците тие не го исполнија.

Им ветија зголемини субвенции, а Зоран Заев најави дека истите ќе се кратат. Им вети загарантиран откуп на нивниот приозвод, а гледаме дека земјоделците својот род се приморани да го фрлаат по ѓубриштата или да го продаваат по багателна цена.

Зоран Заев и Љупчо Николовски пред парламентарните избори им ветуваа на оризопроизводителите дека нивниот род ќе има загарантиран откуп по цена од 25 денари оризова арпа и 50 денари бел ориз.

Денес кога оризопроизводителите треба да го продадат својот род се соочуваат со слаб откуп и многу пониски цени за него од она што Заев и Николовски го ветуваа пред изборите.

Земјоделците по кои знае кој пат се излажани и изманипулирани од страна на СДС за некој политички поен.

Дали ова е начинот на кој СДС кажуваа дека ќе се грижат за земјоделците и дека земјоделците ќе им бидат приоритет кога ќе дојдат на власт.

Зоран Заев и СДС единствено што направија во овие 4 ипол месеци е само укинување и ниту една нова мерка за земјоделците која ќе им биде од полза.

Сето ова граѓаните го видоа. Вакавата политика на СДС и Зоран Заев ќе биде делигитимирана на 15-ти октомври. Земјоделците заслужуваат подобри услови“, изјави Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата