Шекеринска: Владеење на правото клучно за безбедноста и економијата

Од:

Се покажа дека членството во НАТО и ЕУ како сидро на нашата политика, се многу важни и за безбедноста и за економијата на Македонија. Македонија е пример, а тоа е лекцијата од кризатата во изманите години, дека единствена шанса за држава да биде отпорна на безбедносни ризици е пристојно владеење на правото.

Ова го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на конференцијата „Млади, мир и безбедност“ во организација на младинската мрежа Y-PEER Македонија.

– Во случајот на Македонија се покажа дека и безбедноста и стабилноста на една држава навистина зависеле од тоа дали институциите пристојно функционираат, дали медиумите се пристојно независни, дека граѓаните, сепак, имаат чувство дека на крајот на процесот некој тип на правичност, праведност, правна држава функионира. Навистина се покажа дека корупција и криминал се еден од клучните ризици за дестабилизација и мислам дека таа лекција сега треба да си ја повторуваме заради тоа што многу често, дури и европски политичари и аналитичари велеа – не ни е важна демократијата важна ни е стабилноста, рече Шекеринска.

Клучното прашање за младите, пак, додава таа, е како во целиот процес тие да влијаат, а за таа цел, нагласува важно е да бидат ангажирани, да бидат гласни и да размислуваат на начини на подиректно влијание и поголема ангажираност вклучувајќи ја и политиката.

– И политичките партии се на некој начин фирми, се прилагодуваат на пазарот и ако пазарот вели пензионерите сигурно ќе гласаат, тогаш поголема е веројатноста дека партијата ќе излезе и ќе каже не дека платите, туку дека пензиите треба да растат. Затоа мислам дека е многу важно младите да се активни и во политичките партии за да бидат притисокот внатре, за да дојдат во ситуација да седат на масата кога се носат одлуките, а ако не се таму тогаш да бидат во овој дел на јавноста кај што ќе прават јавен политички притисок врз која било влада и врз која било институција за своите права, вели министерката за одбрана.

На дводневната конференција 20 млади претставници од повеќе организации ќе дебатираат за поврзаноста на темата „Млади, мир и безбедност“ со одржливиот равој и Резолуцијата 2030 на ОН. Настанот е дел од активностите кои Здружението за социјални иновации АРНО во партнество со Y-PEER Македонија ги спроведуваат во рамки на работниот план за 2017-та за компонентата „Млади“ на Фондот за население на ОН.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on