Тошевски: Намалување на невработеноста со индустриски зони во Ранковце

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на општина Ранковце Ивица Тошевски, поддржан од Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ ја претстави програмата со која настапува пред жителите на општината.Рече дека во неа се опфатени проекти за подобрување на целокупното живеење, со акцент на намалување на невработеноста.

– Намалување на невработеноста во општина Ранковце преку привлекување домашни и странски инвеститори во индустриските зони, во село Петралица и општинската во Ранковце, место викано Криво Крушче. Тоа е една од приоритетните мерки кои ќе придонесат за подобрување на целокупното живеење во општината, преку вработување голем број млади луѓе, со што ќе се спречи одливот на млада работна сила во западноевропските земји, рече Тошевски.
Тој најави и решавање на проблемот со уличното осветлување во општината, како еден од горливите проблеми, а најави и изградба на градинка, во која се планира да биде воведено и двосменско работење.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори