24 приведени за злоупотреби на субвенции, побаран притвор за седум

Од:

Дваесет и четири лица се приведени во денешната акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради сомнение дека направиле злоупотреба на службена положба при склучување договори за закуп на земјоделско земјиште и исплата на субвенции, оштетувајќи го Буџетот на РМ за 220.000 евра.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за определување мерка притвор против седум осомничени лица.

Како што објави ЈОРМ, меѓу осомничените се 15 службени лица вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и подрачните единици на ова министерство, а останатите осомничени се физички лица и одговорни лица во правни субјекти во приватна сопственост.

Според ЈОРМ, во периодот од 2011 година до 2016 година осомничените службени лица ја искористиле својата службена положба или овластување и ги пречекориле границите на своите службени овластувања при склучување и раскинување на договори за закуп на земјоделско земјиште. При преземањето на незаконитите дејствија биле помогнати од останатите осомничени лица. Во исто време, одобрувале исплата по Програмата за финансиска подршка во земјоделството – субвенции, на кој начин прибавиле корист за повеќе правни и физички лица на штета на Буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Земјоделците бараат корекции на програмата за субвенции

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Трипуновски: Нови услови за субвенции, ќе се зголемат контролите на корисниците

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра