Коневски: Ново Лисиче ќе добие фитнес центар

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, Ивица Коневски денеска најави изградба на модерен фитнес центар во населбата Ново Лисиче.

– Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на 15 октомври, новиот фитнес центар ќе го изградиме веќе наредната година во склоп на Спортско-рекреативниот центар „Ново Лисиче“, рече Коневски на денешната прес-конференција.

Со овој проект, додаде, општина Аеродром ќе го оплемени неупотребуваниот и запуштен дел од комплексот преку негова реконструкција во вежбалница со модерни справи за вежбање, кои ќе бидат достапни за сите аеродромци.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски