(ВИДЕО) Богдановиќ: Mладите се иднината на европски Центар

Од:

Саша Богдановиќ, кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Центар, ветува нов младински центар, простор за здрав развој и напредок на младите, ново кино од отворен тип.

„Со искуството на повозрасните и ентузијазмот на младите ќе ја направиме општина Центар убаво место за живеење. Потребите на младите ќе бидат слушнати и ќе се обезбеди простор за здрав развој и напредок преку културни активности, спортски настани, урбани простори со нова и инова- тивна содржина.

Уметноста ќе се стимулира преку проектите за млади уметници. Во Општина Центар ќе се отвори ново кино од отворен тип. Со цел да се поттикнат спортскиот дух кај младите и свеста за здрав живот ќе се организираат конкретни спортски активности и настани.

Ќе ги субвенционираме тренинзите за сите жители на Општината во новиот спортски центар „Работнички“.
Ќе биде отворен и нов младински центар, место каде што младите сами ќе ги организираат активностите за социјализација. За да знаат младите колку ни се важни, тие се иднината на европски Центар“, рече Богдановиќ.

Јон Фрчкоски од листата за советници на Центар ги повика младите да излезат на гласање, да го заокружат број 19, бидејќи тоа носи живот во Центар за сите.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори