Пребарување и планирање посета на производители на органска храна во Македонија, ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна, ќе овозможи апликацијата „Органски пат“ за мобилни телефони изготвена во рамки на проектот „Преминете на органско – потрошувачите во фокусот на земјоделската политика”.
Апликацијата ќе биде промовирана задутре од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на агро-новинари „Медиа Плус.
Проектот „Преминете на органско – потрошувачите во фокусот на земјоделската политика” е финансиран од Европската унија со цел подигнување на јавната свест и зголемување на довербата на потрошувачите во органското производство, неговите здравствени, еколошки и социјални бенефити.