Германската десничарска партија во неонацистичка облека

Од:

Пратениците на екстремно десничарската Националдемократска партија денеска на седницата на покраинскиот Парламент во Дрезден влегоа облечени во облека од неонацистичка модна куќа „Тор Штајнар“. Откако полицијата пристигна за ги одведе. Тие ја напуштија седницата.

Оваа облека е омилена меѓу неонацистите, но според правилата на Парламентот забрането е да се носи во него.

Претседателот на Парламентот на Саксонија, Матијас Реслер од партијата на канцеларката Ангела Меркел, ја прекина седницата и побара од осумте пратеници на НДП да се пресоблечат, а кога тие го одбиле барањето, ги исклучи од седницата и уште од три наредни.

Забрана на НДП, според анкетите, предизвика поделба и меѓу политичарите и меѓу граѓаните. Повеќето од нив се за забрана на партијата затоа што ова не е нивни прв инцидент.

Сојузниот министер за внатрешни работи, Ханс Петер Фридрих смета дека барањето за забрана на НДП не би можело да се поврзе со серијата убиства, за кои се товари терористичката група „Националсоцијалистичко подземје“.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот