Средба на Груевски со амбасадорот на Норвешка, Бјорнстад

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка за Република Македонија, Арне Санес Бјорнстад.

На средбата соговорниците разговарале за актуелната состојба во државата и стратешките интереси на Република Македонија.

Груевски се заблагодарил на амбасадорот за поддршката која Норвешка ѝ ја дава на Република Македонија во остварувањето на стратешкиот интерес, членство во НАТО алијансата.

На средбата Груевски го запознал својот соговорник со актуелната политичка состојба и со одвивањето на предизборниот процес. Груевски ги нотирал прекршувањата и нарушувањата на изборниот процес кој фрла темна дамка на предизборието и демократскиот амбиент кој треба да е присутен.

Би можело да ве интересира

Почина норвешкиот крал Харалд

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски