ЕУ: Луксембург мора да обезбеди 250 милиони евра за даноци од Амазон

Од:

Европската комисија денеска му нареди на Луксембург да обезбеди 250 милиони евра од американската фирма Амазон на име избегнати даночни обврски.

Комисијата соопшти дека има докази оти Луксембург му гарантирал на Амазон илегални даночни бенефити, овозможувајќи ѝ на компанијата да плаќа многу помали даноци отколку други компании.

– Како резултат на тоа, речиси три четвртини од профитот на Амазон бил неоданочен, изјави еврокомесарката за политиката на конкуренција Маргарет Вестагер.

Истрагата на ЕК за Амазон почна во 2014 година.

Амазон, кој тврди дека до крајот на годинава ќе има околу 65.000 вработени, одбива дека имал специјален третман.

Би можело да ве интересира

Во оваа земја во Европа луѓето работат најмалку, најмногу уживаат и најдолго живеат: Ја нарекуваат „рај на земјата“

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Жителите на најбогатата земја во Европа три години имаат бесплатен јавен превоз

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска