Китев ветува вински пат за Кавадарци

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на СДСМ и коалицијата Бетиане Китев денеска најави изгардба на вински пат и активирање на неискористениот туристички потенцијал на Тиквешијата.

– По примерот на Тоскана во Италија, градиме вински пат во Кавадарци кој ќе го заобиколува градскиот парк и ќе завршува на улица „Дисанска“. Патот ќе располага со атрактивни туристички содржини и ресторани за дегустација на вината од Тиквешијата, рече Китев.

Информираше дека имаат предвидено повеќе проекти кои ќе го забрзаат локалниот економски развој на Кавадарци. Нагласи дека посебен акцент ќе биде ставен на микро, малите и средни компании кои ќе бидат субвенционирани, како од централната, така и од локалната власт, врз еколошката и енергетската ефикасност, преку поголемо исползување на обновливите извори на енергија, како и воведување на мерки за намалување на загадувањето.

Целта е, додаде, Кавадарци да стане зелена оаза во Централна Македонија.

– Во соработка со централната власт, ќе го донесеме гасот во Кавадарци, кој како ефтин енергенс ќе им даде дополнителен поттик на фирмите, заштедените пари да ги реинвестираат во нови капацитети и да вработуваат нови работници, рече Китев.

Тој се осврна и на ветените и реализирани проекти сега со новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев и Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

– Ја вративме ефтината тарифа на струјата, ја покачивме минималната плата на 12.000 денари, ја укинавме радиодифузната такса, издвоивме по 10.000 евра субвенции за млади земјоделци, го решивме проблемот со стечајните работници. Но, ова е само почеток. Промените кои значат подобар живот за сите како на централно, ќе се случуваат и на локално ниво, додаде Китев.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје