(ВИДЕО) Лазаревски: Груевски и Трајановски ја загрозија безбедноста на граѓаните со ризичните градби во Вардар

Од:

„Се наоѓаме на местото на злосторството против граѓаните на Скопје, кејот на реката Вардар – некогашно култно место на Скопје.

Злосторничкото здружение предводено од Никола Груевски и Коце Трајановски потроши десетици милиони евра за „Панорамско тркало”, бетонирани „пиратски” галии, жални врби, водоскоци и што уште не, иако градењето во коритото на реката Вардар е најстрого забрането поради ризикот од поплава. За да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски, Коце Трајановски потроши милиони евра пари на граѓаните за градби во Вардар со кои се нарушува безбедноста на граѓаните и еко системот во реката.

Коце Трајановски и Никола Груевски знаеја уште во 2008 година дека пропусноста на коритото на реката Вардар во Скопје е намалена за 10 до 16%. Но, сепак решија да ги градат своите забегани проекти, игнорирајќи ги укажувањата на граѓаните и експертите дека со градбите во коритото на Вардар дополнително се намалува пропустната моќ.

Наместо да вложува во инфраструктура за заштита од поплави и поројни текови, Трајановски и Груевски ги трошеа нашите пари за Панорамско тркало, карусели, лавови и скапи споменици, милионски огради, галии, жални врби, плажи покрај партискиот музеј и скапи палми кои овенаа како нивната „Преродба”.

На 15 октомври му ставаме крај на ова злосторничко здружение кое ја загрози безбедноста на граѓаните со ризичните градби во Вардар, оставајќи го Скопје без заштита од поплави. Новата градска администрација ќе изготви нов план за заштита од поплави и ќе ги реализира сите експертски препораки за заштита на коритото на реката Вардар и градот Скопје од поплави и други елементарни непогоди“, изјави Васко Лазаревски, кандидат за член на Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје