Бесими: Изборниот процес се одвива во демократски дух

Од:

На десеттиот ден од кампањата за локални избори, процесот се одвива во демократски дух во согласност со духот за слободни и демократски избори, оцени денеска на прес-конференција шефот на централниот избворен штаб на ДУИ Фатмир Бесими.

Најави дека во наредните 10 дена Демократската унија за интеграција започнува со нова изборна стратегија, односно на терен со посета на семејствата кои досега не ги посетиле кандидатите за градоначалници и кандидати за општинските совети.

Во однос на инцидентите во последните неколку дена, Бесими рече дека нивна оценка е дека изборниот процес досега се одвива во мирна атмосфера со одредени случаи за кои, според него, надлежните институции навремено ќе ги отстранат таквите појави.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори