Захариев: На патот Штип-Радовиш ќе никне нова индустриска зона со локации за 18 фабрики

Од:

Општина Штип работи на отворање на нова индустриска зона за фабрики со што ќе овозможи нов импулс за развој во локалното стопанство.Ова денеска го најави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Локалната самоуправа има голема одговорност за локалниот економски развој и отворање на нови фабрики.Еден од моите приоритети е вработувањето и утврдување на нови локации за нови фабрики. На локацијата „Плуждино“ ќе никне нова индустриска зона каде ќе имаме 18 плацеви за фабрики со површини од 5-6000 м/2.Имаме веќе заинтересирани инвеститори а самата зона е покрај патот Штип-Радовиш и таа ќе даде развојни потенцијали.

Според Захариев, планирано е и проширување на постоечките индустриски зони:

Втората зона е Запад од фабриката на „Актива-аутомотив“, преку „Семак фешан“ се до Калимерово, каде на 350 хектари се предвидени над 350 локации за погони а меѓу другото и трговски центар и маркети. Ние ќе дадеме логистика и на траспортните фирми кои ќе бидат лоцирани тука. Истовремено планираме проширување на зоната во Три чешми која е до автопатот. Тука ќе има над 10 нови парцели а ќе ја прошириме и градската зона над Астибо до Лукоил со нови 10 локации. Се надеваме дека со ова ќе ги активираме нашите локални бизнисмени за проширување на работата на нови локации, со брзи одобренија за градба и комплетна поддршка од администрацијата а секако се надвеаме и на странски инвеститори.

Во Штип веќе функционира и државна ТИР зона во коај рбаотата две странски инвестиции со над 2000 работници а во фаза на отворање е и третата инвестиција на италијански „Кондево“.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори