(ВИДЕО) Војнески: Граѓаните на Македонски Брод заслужуваат да живеат во модерна и просперитетна општина

Од:

„Граѓаните на Македонски Брод заслужуваат да живеат во модерна и просперитетна општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби.

Со јасна визија и силна заложба безрезервно заедно со мојот тим ќе ги употребиме сите расположливи капацитети и напори, Општина Македонски Брод да стане атрактивен центар за живеење и бизнис, со поволни услови за одржлив социо-економски, туристички и културен развој, отворен кон Републиката и многу пошироко.

Имаме јасна и конкретна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во општина Македонски Брод. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достинство за секој еден жител на општината.

Јас и мојот тим силно ќе се залагаме за да обезбедиме подобар живот за нашите сограѓани преку изградба на квалитетна инфраструктура, подобри услови за образование, заштита на животната средина, локален економски развој, развој во комуналната сфера и урбанизација на општината. Тоа што го ветуваме, тоа и го исполнуваме.

Дел од нашите приоритети за периодот до 2021 година се:

1. Реконструкција на регионалниот пат од Македонски Брод до Скопје.
2. Реконструкција на локалниот пат од Македонски Брод до с. Сланско.
3. Изградба на локалниот пат од Томино Село до с. Сушица со должина од 5.000м.
4. Изградба на локалниот пат од с. Самоков до с. Рамне во должина од 4.400 метри.
5. Изградба на локалниот пат од с. Самоков до с. Бенче.
6. Изградба на локалниот пат од с. Модришта до с. Вир.
7. Реконструкција на локалниот пат до с. Долни Манастирец и доасфалтирање на кракот што води кон викенд населбата.
8. Реконструкција на улица „Партизанска“ во Македонски Брод со должина 682 м.
9. Изградба на локалниот пат за село Брезница.
10. Доизградба на 1.300 метри локален пат за с. Косово.
11. Изградбата на водоснабдителен систем од с. Сушица до с. Зркле, с. Инче, манастирот „Св. Богородица“ до с. Долни и Горни Манастирец.
12. Изградба на сопствен водоснабдителен систем за Македонски Брод и село Требино со зафаќање на извори од м.в. „Песјак“.
13. Изградба на водоснабдителен систем за селата Црешнево, Старовци и манастирот „Старокуќа“.
14. Реконструкција на пречистителната станица во село Самоков.
15. Изградба на водоснабдителен систем за населбите Долна Белица, Близанско и Здуње.
16. Изградба на фекална канализација во с. Суводол.
17. Изградба на фекална канализација во с. Девич.
18. Изградба на фекална канализација во с. Брест.
19. Доизградба на отворен канал за атмосферски води Лоштица до вливот во река Треска.
20. Санација и реконструкција на старата водоводна мрежа на улиците „Јане Сандански“и „15-та Бригада“ во Македонски Брод.

Проектите кои ги нудиме во Програмата се реални, остварливи и базирани исклучиво на потребите и барањата на жителите на Општина Македонски Брод.

Со мојот тим нудиме просперитет, нудиме развој и сигурност, а со тоа и можност општина Македонски Брод заеднички да ја направиме една од модерните и современите општини во Република Македонија“, изјави Милосим Војнески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Македонски Брод.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори