Коневски: Изградба на детска градинка и парк во Ново Лисиче

Од:

Предвидовме изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, изјави денеска кандидатот за градоначалник во општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски.

– Изградбата на новиот објект подразбира изградба на осум занимални и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 250 деца. Реализацијата на овој проект ќе се спроведе веќе наредната 2018 година, се разбира доколку ја добиеме довербата на граѓаните и за таа намена од буџетот на општина Аеродром ќе одвоиме 45.000.000 денари, изјави Коневски.

Нагласи дека во овој дел од општината, поточно покрај ФФМ во програмата предвидуваат и изградба на еден од најголемите паркови во Република Македонија.

– Овие два и сите други проекти ќе ги реализираме со помош на Советот на општината и затоа е важно граѓаните да ја дадат довербата и на кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, рече Коневски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори