Симпозиум за конструкциите и природните катастрофи

Од:

Однесувањето на градежните конструкции при дејство на инцидентни влијанија и природни катастрофи како: земјотреси, екстремно високи и ниски температури, пожари, ветер, експлозии, поплави, лавини, одрони, се во фокусот на 17. симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ), што ќе се одржи од денеска до 7 октомври во Охрид.

Учесниците на симпозиумот, градежни конструктори, студенти и истражувачи од сродни области, ќе разменуваат знаења и идеи за најновите научни достигнувања и практики и ќе постават насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото.

Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ќе се одржи тркалезна маса на тема „ Законот за градење и потребите од негови измени и дополнувања“. Најавена е и дебата за
„Имплементација на Регулативата за градежни производи – CPR 305
– 2011“ во соработка со Европскиот комитет за стандардизација – CEN.

На отворањето на симпозиумот ќе се обрати министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Авганистан

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица