Средба за потребата од мерки за заштита на жртви на насилство на локално ниво

Од:

Во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Здружението на еднородителски семејства „Една Може“ денеска ќе се одржи регионална средба за кандидати за градоначалници и носители на советнички листи за Скопскиот регион, на која ќе биде претставена потребата од преземање конкретни мерки на локално ниво и обезбедување средства од локалната самоуправа за унапредување на пристапот до сервиси за жените и децата жртви на насилство.

Кандидатите треба да потпишат Јавна заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство.

Ова, како што соопштуваат организаторите, е втора средба со кандидати за градоначалници од предвидените три. Првата беше одржана во Тетово, со кандидатите од Полошкиот регион, каде јавна заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство потпишаа 10 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.

Оттаму потсетуваат дека на иницијатива на Националната мрежа, на 25 ноември минатата година лидерите на 17 политички партии потпишале Заедничка декларација за спречување и борба против насилство врз жените.

Би можело да ве интересира

Тројца уапсени за семејно насилство, седум пријави во последното деноноќие

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, тројца приведени

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски

Уапсени се четворица насилници – 14 пријави за семејно насилство деновиве во Македонија

А1он