Форд и подарува на саудиска активистка автомобил од нејзината мечта

Од:

Американскиот производител на автомобили, Форд, одлучи да ѝ подари автомобил на активистка од Саудиска Арабија, која ги брани правата на саудиските жени да возат.

– Би сакале да ви подариме автомобил од вашата мечта, се наведува во објавата на Твитер на Одделот на Форд за Блискиот Исток.

Подарокот е за Сахар Насиф, која водеше долгогодишна кампања за правото на жените да возат во Саудиска Арабија. Пред извесно време, таа рече дека омилен автомобил и е Форд Мустанг и сега компанијата и го подарува.

На 26 септември, Саудиска Арабија ја укина забраната жените да возат. Се очекува ова да донесе милиони нови возачи (од понежниот пол) во Саудиска Арабија. Големите автопроизводители веќе бараат начини да го привлечат интересот на саудиските жени возачи. Некои од нив, како Форд, Нисан и Шевролет, официјално им честитаа за новото право за возење и им посакаа добредојде во семејството на возачите.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска