(ВИДЕО) Коцевски: Заживување на спортот преку инвестициски зафати

Од:

Заживување на спортот и помош на врвните спортски клубови за да се вратат во елитните лиги на натпреварување, ќе биде еден од нашите приоритети, изјави денеска кандидатот за градоначаник на Велес од СДСМ Аце Коцевски.

Од планираните најголеми инвестициски зафати, Коцевски најави изградба на затворен пливачки базен во дворот на училиштето „Васил Главинов“, како и продолжување на реконструкцијата на спортската сала и на градскиот фудбалски стадион.

– Во затворениот базен предпладне и попладне ќе се одржува настава по физичко воспитување, а во вечерните часови во сабота и недела базенот ќе се користи за рекреација на сите останати граѓани на Велес. Сакаме да го реконструираме спортскиот терен зашто не ги задоволува меѓународните стандарди за организирање и одржување меѓународни натпревари, а на градскиот стадион планираме да изградиме нов трибински простор и многу содржини во подтрибинскиот простор, рече Коцевски.

Се предвидува, додаде, и изградба на најмалку две балон спортски сали.

– Особен акцент ќе ставиме на законската обврска на Општината да го помага масовниот и училишниот спорт, ќе ги вратиме повторно детските олимписки игри и лигите на натпреварување меѓу училиштата за да го поттикнеме и спортскиот дух меѓу дечињата и меѓу учениците во нашиот град, напомена Аце Коцевски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори