Делков: Ќе овозможиме услови за спорт за идните генерации

Од:

Ќе ја реконструираме спортската сала „Младост“, ќе им овозможиме на идните генерации да имаат услови за да можат да спортуваат. Ќе поставиме нов под и кров. Ќе направиме поправка на трибините и соблекувалните, исто така и на целиот надворешен поростор, рече на денешната прес-конференција Тони Делков, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата за Неготино.

Тој нагласи дека предлагаат и воведување наставник по физичко образование уште од прво одделение, за правилен раст и развој на децата. Оваа мерка, рече, исто така ќе овозможи и рано детектирање телесни деформитети.

– Како нова локална власт, ќе го зголемиме процентот од буџетот што е наменет за спортот и ќе обезбедиме финансиски стимулации за фирмите кои инвестираат во спортот. Средствата наменети за спорт ќе се распределуваат рационало. Општината ќе ги покрива трошоците за користење на превоз на спортистите, додаде Делков.

Спортистите, клубовите и спортските работници ќе добијат професионален третман и квалитетни услови за развој. По промената на локалната власт, рече, спортот ќе биде еден од главните приоритети.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори