А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во две велешки училишта „Заедно под исто сонце“ за децата со пречки во развојот

by А1он03/10/2017 - 15:02202
Share0

Осум лица ангажира Општина Велес за лични и образовни асистенти на деца со попреченост во општинските основни училишта „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“. Асистентните ќе им помогнат на децата полесно и подобро да ја совладаат наставната програма, но и полесно да се движат низ училиштето и да ги реализираат културно – хигиенските потреби.

Добивај вести на вибер

– На барање на родители на деца со пречки во развојот и по консултација со релевантните институции, констатирано е дека овој вид услуга може да го подобри квалитетот на живот на поголем број граѓани на локално ниво, информира Родна Трајковска од Општина Велес.

Ангажирањето лица за помош на децата е дел од проектот „Заедно под исто сонце“ што, пак, е дел од програмата „Општинско-корисна работа“. Лицата ќе бидат ангажирани шест месеци, ќе добиваат месечен надоместок од 6.200 денари за 20 работни часа во неделата, со вклучен персонален данок, осигурување од несреќа при работа и професионално заболување, со што добиваат можност да стекнат нови работни вештини и работно искуство. Статусот на невработено лице останува непроменет и на невработените лица – корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.

Доколку се добијат очекуваните резултати, Општината може и да предвиди финансиски средства во Буџетот за испорака на ваков вид социјална услуга од релевантни чинители.

veles

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски20/09/2025 - 15:2220/09/2025 - 15:38

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:40

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Горан Наумовски17/09/2025 - 18:57

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Катерина Ѓуровски16/09/2025 - 14:21

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен