Спогодба за залагање за приоритетите на младите потпишаа кандидатите за градоначалник во Кавадарци

Од:

Спогодба за залагање за приоритетите на младите потпишаа денеска Бетиане Китев и Митко Јанчев, кандидати за градоначалник од Кавадарци.

Јанчев кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, нагласи дека како градоначалник, би се насочил за обезбедување на добар и здрав живот, еколошки чиста средина, добро образование и спорт.

– Младите ќе ни бидат таргет група на која мора да се посветиме, да ги исправиме младите на прав пат и да им обезбедиме квалитетно образование и предуслови за вработување, рече тој во изјава за медиумите.

Китев како кандидат на СДСМ и коалицијата, информираше дека и при изборот на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници во Советот на општината, кога се правела кадровската екипираност, имале во предвид дека младоста секогаш носи енергија.

– Од тој аспект, веднаш ја прифативме оваа иницијатива која доаѓа од Националниот младински совет. Сите приоритети кои ги имаат утврдено младите, ќе станат приоритети и на идната локална самоуправа, а ќе се реализираат сите оние проекти кои досега беа нереализирани. Ќе направиме се што ќе биде во рамките на нашите можности, нагласи Китев.

Оваа активност ја спроведува Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а е поддржана од канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Скопје.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори