Ѓорѓиевски: Куманово ќе добие отворена летна сцена за уметниците

Од:

Организирање на мултифункционален детски фестивал, меѓународен фолклорен фестивал, формирање на ликовни, драмски и играорни секции во сите училишта на локално ниво, се дел од проектите од областа на културата што на денешната прес-конференција ги најави кандидатот за градоначалник за Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека општината ќе продолжи да ги поддржува културните манифестации како што се „Денови на комедијата“, „Рома труба фест“, „Тамбурашки фестивал“, а ќе им дадат можност и на уметниците од градот да се промовираат.

– Една од новините ќе биде отворена сцена во летните месеци за сите соло уметници, рок, џез музичари да имаат катче на плоштадот во Куманово каде ќе ги промовираат своите културни, музички и ликовни способности, писателски, поетски…, така што ќе им дадеме шанса на сите оние луѓе да можат да направат самопромоција во градот од таму од каде што потекнуваат.

Кандидатот за градоначалник Ѓорѓиевски ги повика граѓаните на Куманово масовно да го посетат вечерашниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ што ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток во 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори