(ВИДЕО) Георгиевски: Изградба на нов спортски центар Стајковци-Црешево и директна помош на спортските клубови

Од:

„Почитувани граѓани, исправени сме пред конечната одлука за вистински промени во општина Гази Баба.

Приоритети и предизвици има многу, но се обврзавме дека одговорно и транспарентно ќе изградиме модерна општина.

Здравјето и квалитетот на живот на секој од нас е на највисокото место.

Затоа развојот на спортот и спортските активности како и водењето на здрав живот ќе бидат едни од главните активности кои ќе ги преземе новата локална власт.

Во нашата програма предвидуваме повеќе буџетски средства со кои директно ќе влијаеме врз развојот и условите за спорт во нашата општина.

Директно ќе помагаме на спортските клубови кои се на територија на Гази Баба со цел да постигнуваат врвни резултати.

Финансиски ќе ги подржиме спортските школи кои ги тренираат нашите деца уште од најрана возраст.

Секое населено место ќе добие модерен спортски терен кој ќе биде достапен за секој граѓанин.

Планираме изградба на отворени фитнес зони и трим патеки.

Во нашата програма е предвидена изградба на нов спортски центар во Автокоманда, Стајковци и Црешево со квалитетни услови за развој на спортските клубови.

Почитувани, на територијата на Гази Баба е предвидена изградба и на отворен базен во Хиподром кој ќе биде надополнет со повеќе рекреативни активности.

Нашите граѓани заслужуваат квалитетни услови за спорт и рекреација.

Јас и мојот тим се обврзавме дека здравјето и квалитетот на живот на сите за нас е приоритетна цел.

Ќе изградиме модерна општина која ќе овозможи живот за сите“, изјави Борче Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје