(ВИДЕО) Богоев: Ќе го реновираме игралиштето „Сокол“ во Карпош 1

Од:

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош Стефан Богоев денеска најави целосна реконструкција на игралиштето Сокол, кај основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош”, во Карпош 1 и рестартирање на турнирот Сокол.

– Новата општинска власт, после 15 октомври ќе го реконструира постоечкото игралиште Сокол и повторно во летниот период ќе го ставиме во функција турнирот Сокол, кој е со голема традиција во ова маало и генерално во Карпош. Токму турнирот Сокол ги обединуваше генерациите во Карпош, од најмали до најстари, заедно да се дружат и да спортуваат преку летниот период, изјави Богоев по денешната посета на игралиштето Сокол.

Нагласи дека игралиштето сега е претворено во депонија, и како што посочи, сосема заборавено од општинските власти.

– Игралиштето е дури и небезбедно. Во духот на враќање на здравиот живот, на спортот и маалскиот живот во Карпош, планираме целосна реконструкција на овој терен и рестартирање на турнирот Сокол, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори