(ВИДЕО) Темелковски: Проекти за поддршка на спортски активности во Кисела Вода

Од:

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Кисела Вода Филип Темелковски ветува проекти со кои, како што изјави денеска, ќе се врати спортот во општината.

– Ќе почнеме уште од најмладите со воведување на физичко образование уште од најраните училишни денови. Дополнително, ќе ги реновираме сите училишни сали на територија на општина Кисела Вода, и ќе изградиме нови во училиштата во кои што ги нема, изјави денеска Темелковски.

Тој истакна дека во Кисела Вода треба да се преземат активности за возобновување на училишниот спорт.

– Сцените на празни стадиони и напуштени сали ќе бидат минато во општината. Затоа ќе се реновираат и салите и стадионите, рече Темелковски, најавувајќи максимална промоција на мерката на Владата за даночно олеснување на фирмите кои инвестираат во спортот.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори