Европската народна партија ги предложи венецуелските опозиционери за наградата „Сахаров“

Од:

Најголемата политичка сила во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП) – предложи група венецуелски опозиционери за овогодинешната награда „Сахаров” за слобода на мислата.

За 2017 година за наградата е номинирана демократската опозиција во Венецуела: Националното собрание, застапувано од претседателот Хулио Борхес, и сите политички затвореници – Леополд Лопез, Антонио Ледесма, Даниел Себаљос, Јон Гојкоечеа, Лорент Салех, Алфредо Рамос и Андреа Гонзалес. Тие беа избрани во знак на признание за нивната борба во Венецуела, каде од почетокот на годината беа убиени над 130 опозиционери, а уште над 500 се затворени, се вели во соопштението на ЕПП.

Наградата „За слобода на мислата”, која го носи името на Андреј Сахаров, е основана од ЕП во 1988 година во чест на советскиот физичар и добитник на Нобеловата награда за мир за 1975 година, кој беше еден од лидерите на движењето за заштита на човековите права во Советскиот Сојуз. Наградата се доделува на луѓе и организации за заслуги во заштита на човековите права.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска