Скандал во Словенија – Иранци преку НЛБ банка испрале околу милијарда евра

Од:

Словенечката Агенција за борба против перење пари отвори истрага во врска со тврдењата на опозициски партии дека најголемата државна банка, Нова Љубљанска Банка (NLB) испрала речиси милијарда евра од Иран во периодот меѓу 2008 и 2010 година.

Со тоа, тие прекршиле меѓународно ембарго и одредби за финансирање тероризам.

Словенечки медиуми во јули објавија дека секој ден во НЛБ банката биле извршувани 40-50 трансакции кон 30.000 сметки ширум светот, вклучително и некои со лажни имиња како Мики Маус или Пајо Паторот.

Обвиненијата не се детално образложени додека опозицијата не отвори случај минатата недела.

Словенечката Влада сепак, потврди дека „во тој случај Агенцијата за спречување перење пари примила извештај за сомнителни трансакции во јуни 2010 година во врска со перење пари и финансирање тероризам“.

Министерството за финансии потврди дека испратиле барања до 30 држави во врска со спорните трансакции. По проверките било утврдено дека постои сомнение дека се прекршени некои закони.

Во центарот на скандалот е британско-иранскиот државјанин Ирај Фарокезадех, кој отворил сметки во таа банка во 2008 година за компанијата Фарок Лтд. откако швајцарски власти му ги затвориле сметките во банката USB.

Како што се претпоставува, тој префрлал пари од Иранската извозна и развојна банка која е под санкции и на црната листа на ЕУ. Во тоа време тој бил и на листата на најбарани лица од Интерпол, објави Еуроактив.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија