ЕК ја поздрави декриминализацијата

Од:

Европската комисија го поздрави постигнатиот договор меѓу ЗНМ и Владата за декриминализација на клеветата и навредата.

„Ова е добра вест, не само за земјата туку и за медиумите и слободата на медиумите воопшто“, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Европската комисија става исклучителен акцент врз прашањето на слободата на изразување и слободата на медиумите во целиот процес на пристапување со секоја земја која сака да стане членка на ЕУ. Го поздравуваме овој Договор меѓу Владата во Скопје и Здружението на новинари. Ова е многу позитивен настан“, додаде Стано.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје