Иранската претстава „Сослушување“ вечер на МОТ

Од:

На фестивалот Млад отворен театар вечер на програмата е една претстава – „Сослушување“ на Мер Театар груп (Mehr Theatre Group) од Техеран, која ќе гостува во Младинскиот културен центар од 20 часот.

Се работи за иранско-француска копродукција на авторот и режисер Амир Реза Кухестани во која учествуваат четворица актери.

Појдовна точка на претставата е моментот кога во еден дом за девојчиња, во кој е забранет влезот за мажи, една девојка известила дека слушнала маж во некоја од просториите.

Претходно, во 18 часот во МКЦ, во рамки на придружната програма ќе биде промовирана книгата есеи „Филозофија на паланката“ од српскиот автор Радомир Константиновиќ. На сцената „Зебра“, пак, од денеска до 4 октомври со почеток во 16 часот ќе се одржуваат работилници за современ танц на Скопје танцов театар.

Би можело да ве интересира

Вечерва „Хинкеман“ на независниот театар Златен Елец го отвара 49. МОТ

А1он

Заврши 46-то издание на Млад отворен театар

Ана Ололовска

Три претстави денеска на МОТ

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он